Чаир и Прешево се збратимуваат

98

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денес беше домаќин на градоначалничката на Прешево г-ѓа Ардита Синани и претседателот на Собранието на Прешево г-дин Сами Салиху со кого разговараа за многу прашања што се од заеднички интерес за двете општини, Чаир и Прешево како и за благосостојбата на жителите што живеат во нив.

Ганиу потенцираше дека ја информирал г-ѓа Синани дека значителен број жители на Општина Чаир имаат потекло од Прешево и нејзиниот регион, но исто така и дека тие имаат семејства таму и продолжуваат да ги одржуваат тие семејни врски.

“Следствено, се согласивме со г-ѓа Ардита Синани дека двете општини Чаир и Прешево, да ги започнат постапките за збратимување, така што ќе ги приближиме нивните жители уште поблизу едни до други, но исто така и нашите две институции ќе можат да соработуваат во многу области кои директно би влијаеле на локалниот економски развој”, вели Ганиу.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе