Во името на граѓаните на Општина Чаир, Градоначалникот на Општина Чаир им се заблагодари на фондациите “Чекор по чекор” и “MoneyGram” кои на учениците им ги подаруваат најскапоцените подароци – 60.000 книги во 336 училишта во земјата меѓу кои се наоѓаат и основните училишта на Општина Чаир.
Меѓу другото, првиот човек на Чаир потенцираше: “Да им посветиме повеќе внимание на збогатувањето на училишните библиотеки и преку создавање на домашни библиотеки силно да влијаеме кај нашите деца за создавање на љубовта кон книгата како најдобар советник на совеста. Нека се искористи на најпродуктивен можен начин овој нов фонд на книги.”