Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу го пречека денес боксерот Ардијан Аземи заедно со тренерот Насер Харуни и неговите членови на семејството за да му честита за освоениот сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир за јуниори во Врбас (Војводина – Србија).
На овој состанок, Градоначалникот Ганиу меѓудругото истакна дека патот на спортската слава на Чаир продолжува благодарение на талентот, посветената работа на нашите спортисти како што е Ардијан Аземи и професионалната работа на нашите спортски клубови, меѓу кои несомнено се наоѓа Боксерскиот Клуб “Шкупи“.
Тој истотака му вети на Ардијан безрезервна поддршка во неговото триумфално чекорење во секој нов спортски предизвик и го охрабри да продолжи да ја негува страста кон боксот.