На отпадот не му е местото на улица! Почитувај ја работата и потта на ангажираните работници за чиста животна средина! Не ги оштетувај нив, туку помогни им за почиста животна средина!

Од денес отпадот кој создаваше непријатна и грда слика во населба Топаана нема да се види на улица бидејќи општинските работници и Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“ го исчистија загадениот простор. Истотака, општинскиот инспекторат во текот на вчерашниот ден изрече казни на двајца граѓани, фатени во моментот на намерно загадување на животната средина.

За чист Чаир во секој нејзин дел!