Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу денес изврши непосреден надзор над изведените работи потребни за асфалтирање на ул. “Добри Даскалов“ една од најфреквентните улици со должина од 300м (две сообраќајни ленти со ширина од 3.25м или вкупна ширина од 6.5м), и тротоар со должина од 400м и ширина од 2м и на асфалтирањето на улиците во населба Топаана.
Подобрувањето на патната инфраструктура на територија на Општина Чаир преку континуирано асфалтирање, уредување на тротоарите, создавање на патеки за велосипед и поставување на хоризонтална и вертикална сигнализација е главен приоритет за подигнување на нивото на сигурноста на граѓаните.