Програмата Општинско-корисна има за цел да овозможи социјално вклучување на невработени лица преку нивно ангажирање на определено скратено работно време, заради стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазар на труд.
Програмата, исто така, има за цел преку обезбедување на услуги од социјални сфера да помогне на лица кои живеат на територијата на локалната самоуправа.
Име на проект: “СО ДОПОЛНИТЕЛНА ЕДУКАЦИЈА И СОЦИЈАЛНА ПОДРШКА ВО ФУНКЦИЈА НА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ“
Имајќи ја во предвид општата цел што сака да се постигнат со програмата ОКР, а тоа е:
Да помогне и да обезбеди поголема вклученост на лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот и зголемување на социјалните услуги во локалната заедница,
во проектните активности се дефинирани следниве специфични цели:
- Зајакнување на капацитетот на наставниот кадар во воспитно образовниот процес на ученици од ромската заедница,
- Обезбедување на кадар за посета и нега на стари лица,
- Поддршка на лица со пречки во развојот (проблеми со говорот),
- Формирање на база на податоци за квалитет и квантитет на социјални и здравствени услуги, и
- Обезбедување на услуги при остварување на одредени права на ранливи група.
- Врз основа на Договорот бр. 09-1264/5, Општина Чаир во соработка со МТСП, АВРМ и УНДП, на база на условите одПРОГРАМА ОПШТИНСКО-КОРИСНА РАБОТА и врз основа на објавениот јавен оглас за ангажирање на невработени лица 09-1264/6 се ангажираат 15 невработени лица за постигнување на целите од програмата.
Партнери во проектот: Партнер 1 – Здружение Сумнал, Партнер 2 – Здружение на инвалиди на трудот, Партнер 3 – Здружение Имаго плус
Програмата финансиски е подржана од страна на УНДП.