Во Владата на Република Македонија, денес со градоначалниците на општините Гостивар и Кичево, националниот координатор за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот и граѓанската иницијатива Центар за заедничка основа, потпишавме меморандум за разбирање за проектот „Јакнење на отпорноста од насилен екстремизам на локалните заедници во Македонија“, кој се спроведува со сеопфатна поддршка и соработка на граѓанската иницијатива Центар за заедничка основа, амбасадите на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и на Кралството Холандија.