Вие работниците сте силата на општеството, вие сте иднината на економскиот и социјалниот развој. Вашата пот, вашиот труд и вашиот придонес низ децении бараат бескрајна почит.
Ќе продолжиме да ги штитиме вашите права, да се залагаме за најдобри можни услови, напредување и еднакви можности за секој вработен поединечно.
Посветувајќи се на максимална поддршка, ви го честитаме 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир