Мирисот на КНИГАТА е вистинскиот лек на човечката душа.
И денеска на Меѓународниот ден на книгата престојувавме меѓу над 100-те илјади книги кои се наоѓаат во Централната библиотека „Цветан Димов“ лоцирана во зградата на општина Чаир. Во ова многу драгоцено место кое е дел од библиотеката „Браќа Миладиновци“ на Град Скопје, се сретнавме со раководителката Адије Шеху Дестани заедно со библиотекарките со кои разговаравме за важноста на книгата и читањето. Но, бевме информирани и дека читателите во оваа место можат да најдат книги од различни жанрови за основни и средни училишта, за студенти, најнови романи на три јазици албански, македонски и турски. Во меѓувреме, ветивме дека како општина Чаир секогаш ќе бидеме подготвени да и помогнеме на оваа библиотека, а со тоа и на сите нејзини читатели.