Денот на учителот, општина Чаир го прогласи сопственикот на „Ефтинија импекс“, Селман Имери за почесен граѓанин
Скопје, 07.03.2023 – Во рамки на одбележувањето на 7 март, Денот на учителот, општина Чаир денеска го прогласи бизнисменот Селман Имери, сопственик на компанијата „Ефтинија Импекс“ за почесен граѓанин за неговиот исклучителен придонес во развојот на образованието во оваа општина. Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу рече дека денес го вреднуваме и го почитуваме ликот на човек кој направил многу за развојот на образованието кај нас.
„Господинот Селман Имери е познат бизнисмен и хуманист. Сопственик е на фирмата „Ефтинија Имепекс“. Но, активноста на господинот Селман заедно со неговото семејство не запре во деловната и личната благосостојба, напротив, тој со годините придонесе за развојот на општина Чаир, конкретно во инфраструктурниот развој на училиштата и на сите градинки на нашата општина. Неговото дело стана уште поголемо и повпечатливо и ќе остане во историските траги на нашето образование со изградбата на новиот дел од ОУ „Исмаил Ќемали“ во општина Чаир со површина од 560 метри квадратни, каде што сега учат над 250 деца“, рече Ганиу. Тој исто така додаде дека на овој многу значаен ден е повеќе од заслужено господинот Селман Имери да биде прогласен за почесен граѓанин на општина Чаир.
„Со овој чин ја запечатуваме и улогата на господинот Селман Имер како најблагородна улога што ја знае историјата на општина Чаир, бидејќи тој не размислувал само за иднината на своите 5 деца, туку размислувал за развој на едно целото општество. Околу 2 милиони евра е вредноста на инвестициите што тој ги направи во нашите училишта и градинки. Господинот Селмани, иако вложи толку многу кај нас, сепак ја задржа скромноста да зборува малку зборови, но да прави многу дела“, рече Ганиу.
Прогласувањето на Селман Имери за почесен граѓанин е одобрено од Советот на општината со предлог на Висар Ганиу како градоначалник на општина Чаир.
Свое обраќање имаше и поранешниот градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, актуелен пратеник во Собранието на Северна Македонија, кој потсети дека господинот Селман Имери и во неговиот мандат бил човек кој во голема мера придонел за развојот на општина Чаир, во многу полиња а особено во образованието.
Општина Чаир во денешната манифестација по повод 7 Март-Денот на учителот ги одликуваше пензионерите од образованието и најистакнатите наставници од општинските образовни институции.