По еден месец практична настава реализирана во Општина Чаир кое на студентите им овозможи увид во имплементирањето на теоретските акумулирани знаења во пракса, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со нивниот ментор, Мр. Сц. Дритон Кучи ги доделија потврдите за успешно реализирање на овој многу важен сегмент на квалитетното студирање. Со ова јасно се кажува дека вратите на Општина Чаир се секогаш отворени за да им помогнат на студентите во нивниот пат кон високите академски достигнувања.
Освен што практичната настава им служи на студентите, истиот процес е важен и за самите институции. Градоначалникот Ганиу, извести дека студентот Алда Беќири се вработува во Општина Чаир, чекор кој се прави за да се продолжи процесот на вработување на истакнатите студенти во процесот на студирањето и со тоа зголемување на квалитетот на кадровската организација.
По завршувањето на практичната настава, студентот Алда Беќири се вработува во Општина Чаир.
Им посакувам многу други успеси на нашите студенти! Здравата иднина на народот зависи од вас!