Во скромна церемонија, во просториите на Општина Чаир, Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу, денес додели плакета – благодарност за нашиот сограѓанин од Чаир, г-дин Емруш Металари, надзорник од затворската полиција во Казнено-поправниот дом – Шутка.

Емруш беше на неговото работно место во пожарот што пред неколку недели изби во затворот во притворското одделение соба 5 во затворот во Шутка. Во моментот на пожарот Емруш без заштитна маска покажа подготвеност, пожртвуваност и професионалност во нудење на помош на притворениците во таа просторија ставајќи го својот живот во опасност за да им помогне на притворениците.

Благодарение на хуманиот акт на Емруш и на неговите колеги од Казнено-поправниот дом – Шутка, овој случај за среќа заврши без човечки жртви.