Со цел создавање подобри услови за движењето на нашите граѓани како и имајќи ја во предвид безбедноста на жителите кои живеат долж главните улици, изградбата на тротоари во различни населби во нашата Општина продолжува да биде приоритет на Општина Чаир во капиталните инвестиции!

Градоначалникот на Општината, г-дин Ганиу во придружба на Секретарот на Општината и Раководителот на Секторот за Урбанизам, денес одблиску извршија надзор над работите кои се одвиваат за уредување на новиот тротоар на многу фреквентната улица “Ферид Мурад”.