Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу со задоволство ги пречека боксерите на Боксерскиот Клуб “Чаир“ и раководството на клубот предводено од г-дин Фатон Салиху, за им честита за постигнатиот успех по прогласувањето како шампиони во екипното натреварување на Државното Првенство во Бокс.

Во континуитет го поддржуваме спортскиот потенцијал на нашите млади од сите спортски клубови стимулирајќи го нивниот успех. Тие успеси се нашата најголема гордост и сите треба да придонесеме за нивното постигнување – беа зборовите на Градоначалникот Ганиу во текот на средбата.