Нашата здрава иднина зависи од нашата грижа кон природата. Дрвјата се најдобрата заштита на чистиот воздух и нашето здравје, затоа се грижиме во континуитет да го зголемиме нивниот број.

Токму за оваа цел, ве известувамe дека од утрешниот ден ја започнуваме едно неделната акција за садење на 400 нови дрвja од видот Липа во сите паркови на Општина Чаир и во дворовите на нашите основни училишта.