Чистотата е основниот предуслов за една локација за го зачува епитетот на туристичка атракција. Имајќи го ова во предвид, грижата за хигиената на јавните површини на Старата Скопска Чаршија како гнездо на туризмот е постојано во фокусот на вниманието.
За оваа цел, екипите на Градот Скопје и Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“ предводено од страна на директорот Абдусамед Шабани поставија 85 нови корпи за ситни отпадоци на нејзина територија.