Чистата животна средина е еден од најважните услови за подобро здравје и нема поважна мисија во животот од тоа да придонесеш за чистотата на местото каде живееш.

Така единицата ангажирана за одржување на јавната чистота од страна на Општина Чаир секој ден реализира процес на чистење во повеќе населби. Денес се погрижија за чистењето на населбата Серава. Почитувајте го нивниот труд, придонесете за чиста животна средина преку фрлање на отпадот таму каде му е местото!