Сојузот на Спортови во Скопје и ја додели на Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу наградата 13 Ноември, која од 1970 година традиционално им се доделува на лицата кои придонесуваат во промовирањето на спортските вредности и развојот на спортот во Скопје.
Во врска со овој настан, Градоначалникот Ганиу истакна: “Во мојот живот секогаш посветено работам да ја поттикнам љубовта за спортот кај младите и да ја поддржам професионалната работа на спортските клубови. Наградата која денес ми се додели не ја сфаќам само како личен успех, туку како заедничко достигнување со спортските работници во правец на многуте спортски успеси и посебно како морална обврска за здравото едуцирање на идните генерации. Ние како спортски работници нема да застанеме тука и ќе продолжиме да го поддржиме овој пат на успесите. Во овој правец, и како Градоначалник на Општина Чаир една од главните приоритети во мојата работна агенда е подобрувањето на спортската инфраструктура.“
2019 година е година на нашата спортска гордост бидејќи посебно Чаир на нашата земја и на светот и има дадено многу шампиони, меѓу кои европски шампион за кадети во борење, златен медал во Куп на Нации во Бокс, се освои меѓународниот турнир во Бокс “Златен Гонг“, вреди да се спомне и достоинствениот настап на екипите од фудбалот и футсалот во европските натпреварување, како и многу други успеси.