По завршувањето на законските процедури, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу со директорот на избраниот економски оператор ГА-МА АД г-дин Радко Манов, го започнаа работниот процес за гасификација на првите две објекти на територија на Општина Чаир, и тоа клонот “Снегулко“ на Детската Градинка “Снежана“ и Основното Училиште “Исмаил Ќемали“.
Проектот во нејзината прва фаза ќе ја опфати и административната зграда на Општина Чаир, додека целосната инвестиција за трите објекти достигнува 12 милиони денари.
Придобивките од реализацијата на гасификацијата:
– еколошки ефикасна мерка која ќе придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот и
– економски механизам кој ќе обезбеди редуцирање на годишните трошоци за околуи 3,4 милиони денари што подразбира дека инвестираните средства ќе бидат вратени за 3 години и пол.