Градоначалникот на Oпштина Чаир Висар Ганиу и Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го најавива денес почетокот на работниот процес за изградба на кружниот тек на раскрсницата која ги поврзува булеварот “Втора Македонска Бригада” и улицата “Кемал Сејфула” во Чаир.
Детали на проектот:
– Вредноста на проектот: 19.5 милиони денари
– Радиус од 11,5 метри
– 40 нови канделабри за улично осветлување
– уредена водоводна мрежа, атмосферската и фекалната канализација
– предвидено време за реализација: 2 месеци.