На денешната одржана 40-та седница на Советот на Општина Чаир преку онлајн платформата Zoom, советниците едногласно ги усвоија oдлуките за ослободување од плаќање на децата од детските градинки “Фидани” и “Снежана” за месеците Април, Мај и Јуни, поради околностите настанати од вирусот Covid 19.
Конструктивниот пристап и соработката помеѓу советничките групи во Советот на Општина Чаир е најдобриот пример за дејствување во служба на граѓаните.