Меѓународниот турнир во борење „13 Ноември“ во организација на Боречкиот клуб „Тефејуз“ донесе спортски спектакл во нашата општина.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, им честиташе на организаторите, тренерите и учесниците на турнирот и им посака да ја продолжат традицијата на вакви боречки настани.
Чаир останува вистински дом на шампиони од многу спортски дисциплини.