Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу во текот на денешниот ден, заедно со првиот градоначалник на Старо Скопје и пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Изет Меџити, го посетија Универзитетот Бар-Илан, една од главните високообразовни институции во Израел.
Во оваа прилика остварија бројни средби, меѓу кои и со проректорот на Универзитетот Бар-Илан, проф. Алрие Рајх, академската секретарка Др. Шели Леви Драмер, директорот на Истражувачкиот центар, проф. Алон Корен.
“Домаќините ни објаснија дека овој универзитет има 9 факултети со 52 насоки и 300 лаборатории, од кои некои имавме можност да ги посетиме денеска, додека како што ни беше кажано оваа академска институција е активен партнер во националните научно-технолошки иницијативи на Израел.
Меѓу другото, на Универзитетот Бар-Илан се изучуваат медицина, инженерство, право, животни науки, егзактни науки, општествени науки, образование, хуманистички науки и така натаму.
Земајќи ги предвид сите овие факти, разговаравме и за воспоставување на можна соработка помеѓу Универзитетот “Мајка Тереза” од Скопје и Универзитетот Бар-Илан од Израел”, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.