Во текот на денешниот ден го посетив Здружението за лица со посебни потреби „Мирсија“, при што со неговото раководство разговаравме за потребите, проблемите, тешкотиите и предизвиците на лицата со посебни потреби.

На средбата претставниците на Здружението „Мирсија“ ја презентираа својата амбициозна програма во однос на давање не само материјална помош, туку и нивните напори за морална и психолошка поддршка на лицата со попреченост. Од наша страна понудив и морална и институционална поддршка на лицата со посебни потреби и потсетив дека секогаш и во сите области сме […]

Read more

Денеска учествував во започнувањето на кампањата посветена на Европскиот зелен договор. Оваа кампања ја промовираше Шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, г.Дејвид Гир.

Целта на кампањата е да се подигне свеста за Европскиот зелен договор и неговата главна цел – да се постигнат нула нето емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент.

Read more

Скопското муфтиство гарантира: Театарот за деца ја продолжува својата работа таму каде што е

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска го посети Скопското муфтиство и во оваа прилика се сретна и со муфтијата Ќенан Ефенди Исмаили, кој даде силна гаранција дека без оглед на тоа што имотите му беа вратени на муфтиството преку процесот на денационализација, Театарот за деца ќе продолжи да работи таму каде што е и […]

Read more

Важна информација за угостителите – започнува аплицирањето за 6-тиот пакет на анти-Ковид мерки

Почитувани бизнисмени во Општина Чаир кои се занимавате со угостителски дејности, ве известуваме дека од денес до 10 Мај 2021 можете да аплицирате на јавниот повик на Владата на Р.С.М. за финансиска поддршка предвидена како дел од мерките за справување со настаната криза од пандемијата на вирусот Ковид 19. Ова е 6-тиот економски пакет и […]

Read more

Започнува процесот на регистрација на првачињата во основните училишта на Општина Чаир

Почитувани родители, драги ученици, Ве известуваме дека во текот на целиот месец Мај ќе се реализира процесот на регистрирање на првачињата во основните училишта на Општина Чаир овој пат во согласност со утврдените протоколи за заштита од вирусот Covid 19. Апликацијата за регистрација и доставувањето на потребните документи овој пат може да се направи онлајн […]

Read more