Зајакнувањето на капацитетите на функционирање на Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“ е од голема важност за сите општини на Градот Скопје, а посебно за Општина Чаир бидејќи на многу поефикасен и посовремен начин ќе се реализира нашата заедничка мисија за поголема јавна чистота.

Денес се промовираа новите механизми ставени на располагање на ЈП “Комунална Хигиена“ кои несомнено се гаранција за почисти општини. Ова е доказ дека нашиот Град ги следи еколошките европски трендови во безкомпромисната борба со загадувањето за што Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу им честита на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и директорот на претпријатието Абдусамед Шабани со желба за уште поефикасна соработка во следниот период.