Делегацијата предводена од страна на високиот комесар на Мисијата на ОБСЕ за национални малцинства г-дин Ламберто Заниер реализираше работна средба со Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу за согледување на спроведувањето на неопходните механизми за еднакво третирање на граѓаните.
Во текот на конструктивната и позитивна размена на мислења, констатираа дека почитувањето на правата на човекот без разлика на нивната етничка припадност се столбови на развиените демократии во континуитет.