СО ПОМОШ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРАНСПОРТ ЦЕЛОСНО ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „ПАРАШЌЕВИ ЌЕРИАЗИ“
Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу денеска имаше средба со заменик министерот за транспорт и врски, г. Беким Реџепи, кој го информирал дека Општина Чаир, врз основа на апликацијата до Министерството за транспорт за средства наменети од Светска банка, го добила проектот за целосна реконструкција на улицата „Парашќеви Ќеријази“ (поранешен Архиепископ Доситеј) со нејзините кракови. […]