Од денес, Чаршијата во ритамот на меѓународната музика

Од денес започнува првото издание на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, иницијатива на Општина Чаир која во текот на четири вечери ќе донесе музика и реномирани домашни и меѓународни уметници во два од најпрепознатливите простори на Старата скопска чаршија – Куршумли ан и Сули ан. Фестивалот денес беше претставен на прес-конференција од градоначалникот на Општина Чаир, […]

Read more

Екипите на Општина Чаир непрекинато продолжуваат со работа на терен по невремето

Од синоќа, во текот на целата ноќ, како и денес, екипите продолжуваат интензивно да работат на терен за санирање на последиците од невремето и што побрзо нормализирање на состојбата во сите погодени подрачја. Сезонските работници на Општина Чаир, две екипи ангажирани за сечење и кастрење дрвја, како и компанијата ангажирана од Општината, континуирано интервенираат на […]

Read more

Помош за Гостивар во справувањето со состојбата со водоснабдувањето

Како одговор на отежнатата состојба со снабдувањето со вода за пиење во Гостивар, Општина Чаир се приклучи кон напорите за помош на граѓаните, испраќајќи количина вода за пиење за потребите на жителите. Станува збор за скромен придонес во момент кога најважно е помошта да стигне таму каде што е најпотребна. Општина Чаир останува во постојана […]

Read more

Шпанија е светски шампион, финалето заеднички се следеше на Плоштад „Скендербег“

Со победата на Шпанија над Аргентина заврши Светското првенство во фудбал – ФИФА 2026, а возбудувањата од финалето заеднички се доживеаја и во срцето на Чаир. Стотици граѓани, заедно со министри, заменици-министри, градоначалници и претставници на институциите, го следеа натпреварот во живо на големиот екран поставен на Плоштад „Скендербег“. Млади, семејства и љубители на фудбалот […]

Read more

Плоштадот Скендербег продолжува да пулсира во ритамот на „Културно лето на Чаир 2026“

Во втората вечер од „Деновите на децата“, срцето на Чаир повторно беше исполнето со музика, игра, насмевки и аплаузи. Децата ја презедоа сцената и ја претворија во мозаик од бои, емоции и талент, оживувајќи една вечер во која уживаа стотици граѓани. Од рецитации и музички настапи, до танци што внесоа енергија во секој агол од […]

Read more

Чаир ги слави децата и официјално го отвора „Културно лето на Чаир 2026“

Со звуците на музиката, боите на традиционалните носии и насмевките на стотици деца, вечерва официјално започна месецот на културата. Старата чаршија и Плоштадот Скендербег беа исполнети со живот, додека стотици ученици, родители, наставници и граѓани беа дел од една вечер што го покажа најубавото лице на Чаир – Чаир кој ги негува културата, традицијата, талентот […]

Read more

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на децата, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети ООУ „Исмаил Ќемали“

По повод 1 Јуни – Меѓународниот ден на децата, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, го посети ООУ „Исмаил Ќемали“, каде присуствуваше на свечената програма подготвена од учениците и на откривањето на муралот посветен на Исмаил Ќемали. Настанот, организиран под покровителство на директорката Теута Имери, претставуваше убава спојка на образованието, уметноста и историското паметење. Преку […]

Read more

Чаир добива Спортски Базен

Денеска официјално беше пуштен во употреба Спортскиот базен во близина на ООУ „Исмаил Ќемали“ во Топанско Поле, современа инвестиција во вредност од околу 1 милион евра, која веќе е ставена во служба на граѓаните, спортистите и младите од Општина Чаир. На свеченото отворање, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министри, државни функционери и […]

Read more

Се унапредува дигитализацијата во Општина Чаир: Советниците добија службени лаптопи

Денес, на 12-тата седница на Советот на Општина Чаир, сите советници беа опремени со службени лаптопи, во рамки на процесот на дигитализација и модернизација на работата на Советот. Овој чекор има за цел олеснување на пристапот до работните материјали, користење на електронска документација и намалување на употребата на хартија за време на седниците. Седницата, предводена […]

Read more

Чаир го одбележа Светскиот ден на книгата преку креативноста на учениците

Дворот на Општина Чаир денес се претвори во отворен едукативен простор, каде учениците од основните општински училишта ги презентираа своите трудови и креативност по повод Светскиот ден на книгата. Во оваа прослава на знаењето, учениците имаа можност да разговараат со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед […]

Read more