Столбовите кои ги поставивме пред објектот на детската градинка “Фидани” во населба Стар Чаир за да го подигнеме нивото на сигурност на децата и граѓаните кои секој ден поминуваат таму, се искршени од страна на две несовесни лица за кои има докази за извршување на ова срамно дело.
Случајот е пријавен во полиција со сите докази и ќе се преземат сите предвидени законски мерки, додека за врзо време ќе поставиме нови заштитни столбови.
Апелираме до сите граѓани да ја чуваме поставената урбана опрема која ни служи на сите нас и да ги пријавиме ваквите случаи.