Денес на состанокот на колегиумот на Општина Чаир се одлучи во две основни училишта: Лирија и Хасан Приштина да се инсталираат сензорски соби за да се обезбедат подобри услови за учениците со пречки во развојот.
Двете сензорски соби заедно со она во основното училиште “Имри Елези“ која е при крај, ќе овозможат лесен и современ тек на образовниот процес за децата со пречки во развојот, како и за олеснување на работата на наставниците на овие училишта.