На 29-тата седница, Советот на Општина Чаир едногласно ја усвои предложената точка на дневниот ред од страна на Градоначалникот Висар Ганиу за поставување на статуата на Американскиот Претседател Woodrow Wilson пред административната зграда на Општина Чаир. Ова е заедничка иницијатива на Општина Чаир, Институтот за Духовно и Културно Наследство, како и Музејот и Претседателската Библиотека Woodrow Wilson.
Градоначалникот Висар Ганиу им се заблагодари на сите советници и на претседателот на Советот за реализираната конструктивна соработка во правец на покажување почит кон оваа истакната историска личност која придонесе за денешното наше постоење како држави на Балканот и за третирањето на сите други прашања во служба на граѓаните на нашата општина.