Во Основното Училиште “Исмаил Ќемали”, директорката на училиштето Бурбуќе Имери, сите директори на основните училишта во Чаир и наставници ја пречекаа за да придобијат од нејзиното 44 годишно искуство во областа на образованието Др. Адриана Фишта – Бејко, член на семејната гранка на познатиот албански писател Ѓерѓ Фишта, одличен наставник, лектор и педагог во многу познати универзитети во светот, како и предавач во многу светски конференции.

Лекциите во рамките на денешниот семинар предводен од неа за полесното адаптирање на мозокот со странските јазици, несомнено беше методолошка иновација за учесниците. Највисоките научни достигувања ги постигна во Канада каде за посебниот придонес е добитник на наградите “Teacher of the year” во 2016 година и “Lifetime Achievement” во 2018 година.