Во рамките на активностите на проектот “Подобро образование и општински услуги за сите“, Претседателот на Советот на Општина Чаир г-дин Захир Бектеши заедно со вработените во Одделението за Локален Економски Развој ги пречека на работен состанок г-ѓа Димка Станче од SDC (Swiss Agency for Development and Cooperation) и г-дин Илмиасан Даути претставник на УНДП.
Претставниците на SDC И UNDP како носители на проектот се известија за текот на реализацијата на истиот во Општина Чаир, како и ангажманот на општината за подобрувањето на социјалните услуги кон лицата со посебни потреби.