Ганиу заедно со граѓаните ја започна акцијата за садење на 400 дрвја од видот Липа во Чаир

50

Денес да засадиш дрво и да ја зазелениш природата е најголемата потреба на човековото здравје и принцип врз основа на кој треба да ја изградиме здравата иднина на идните генерации.

Имајќи го во предвид ова, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со многу граѓани ја започна акцијата за садење на 400 дрвја од видот Липа од паркот на улица Кемал Сејфула. По повој овој настан Ганиу истакна: “Ќе се чувствуваме навистина горди како граѓани кога по неколку години ќе поминеме во овие делови од општината и ќе ги видиме резултатите на нашата денешна акција“

На Градоначалникот Висар Ганиу во денешната акција му се придружија познатата личност на домашниот фудбал и на Ф.К. Шкупи Неџмедин Мемеди, претседателот на Советот на Општина Чаир Захир Бектеши и советникот на Град Скопје Бесник Ајети. Акцијата ќе продолжи и во следните недели во повеќе делови од општината, главно низ парковите и училишните дворови.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе