Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, директорот на ЈП “Паркови и зеленило“ Ардијан Муча и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски го одбележаа денес Денот без автомобили пренесувајќи јасна порака за големата важност на употребата на велосипедот како средство за транспорт за почист воздух, но и за потребата од практикување на рекреативен спорт кој не соединува и ја чува нашата здравствена виталност.

По повод овој ден Градоначалникот на Чаир Ганиу на неговата официјална страна изјави: “Убав септемвриски сончев ден и заедно со директорот на ЈП “Паркови и зеленило“ Ардијан Муча и Градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски ги земавме велосипедите и се сретнавме кај паркот во Гази Баба за да уживаме во природата и за да заиграме малку кошарка на денот познат како Ден без автомобили. Вака се живее по здраво, затоа сакајте и ценете ја природата!