Следејќи го развојот на европските општини, реализацијата на инвестициите која ќе влијае на урбанизацијата и модернизацијата на населбите во Општина Чаир е една од најголемите потреби кои ги има наметнато динамичниот живот во минатиот период.

Токму денес, Градоначалникот на Општина Чаир учествуваше на церемонијата за поставување на камен темелникот за изградбата на новиот хотелски објект во населба Серава од страна на Исламската Верска Заедница преку инвеститорот – компанијата Рајана Инженеринг, заедно со претседателот на Исламската Верска Заедница Реис ул Улема Х. Сулејман еф.Реџепи, претседателот на Град Скопје Петре Шилегов, Градоначалникот на Општина Сарај Блерим Беџети и директорот на компанијата Рајана Вегим Етеми.