Општина Чаир и ЈП “Комунална Хигиена“ ja стартуваа следната масовна акција за чистење на територијата на Чаир и одржаа еко предавање во О.У. “Хасан Приштина“

286

Имајќи ја во предвид важноста на чистата животна средина врз нашето здравје и здравјето на нашите деца, Општина Чаир и ЈП “Комунална Хигиена“ се мобилизираa денес повторно и во присуство на олимписката легенда на борењето Шабан Трстена и заменик претседателот на Град Скопје Енвер Малиќи ја стартуваa следната масовна акција на чистење на територијата на Општина Чаир коja ќе ја опфати секоја нејзина населба, но и чистењето на дворовите на сите основни училишта.

Во врска со ова Градоначалникот Ганиу изјави: “Благодарение на континуираната соработка со Јавното Претпријатие “Комунална Хигиена“ предводенo од директорот Абдусамед Шабани и секојдневната работа на единицата на сезонски работници ангажирани од страна на Општина Чаир, сме успеале значително да го подигнеме нивото на јавна чистота на нашата територија.“

Во служба на целта за подигнување на јавната свест и правилното едуцирање на учениците за принципите на чистотата како вредност, во основното училиште “Хасан Приштина“ реализиравме едно еко предавање и акција заедно со учениците за чистење на училишниот двор.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе