Под организација на раководството на организацијата Centre for Common Ground г-ѓа Вилма Венковска Милче и г-дин Пајтим Саити се оствари заедничка работна средба помеѓу Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу, претседателот на Исламската Верска Заедница Реис Сулејман еф. Реџепи и заменик командирот на Секторот за Внатрешни Работи Скопје г-дин Сашо Инџиковски, каде се дискутираше околу меѓуинституционална соработка во рамките на проектот за спречување на феноменот на насилниот екстремизам.

Сите вклучени страни во проектот изразија силна подготвеност за заедничко дејствување и продлабочување на професионалната интеракција за аплицирање на што е можно поефикасни механизми во заштита на највисоките човекови вредности толеранцијата и мирот, преку спречување на насилството и поделбата помеѓу луѓето.