Општина Чаир донира 10 електрични инвалидски колички за Здружението „Миресиа“

9
Денеска дониравме 10 електрични инвалидски колички за лица со посебни потреби на Здружението „Миресија“, изјави градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу.
“Овие колички ги обезбедивме со максимални напори на првиот градоначалник на Старо Скопје и пратеник Изет Меџити и во соработка со директорот на АЕК, Јетон Акики. Денес, како и секогаш, ги поддржуваме лицата со посебни потреби, која поддршка е неопходна со оглед на фактот дека овие лица често се занемарени и стигматизирани, но треба да се случи спротивното, луѓето со посебни потреби да се почитуваат уште повеќе, тие мора да бидат вклучени во општеството без никакви предрасуди и мора да ги гледаме како сите други личности.
Отсекогаш сум давал и ќе давам искрена поддршка на здружението „Миресија“ кое е основано да помага, поддржува да ги освестува другите поединци во општеството за лицата со посебни потреби”, рече Ганиу по повод доделувањето на 10-те електрични инвалидски колички за лицата со посебни потреби.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе