Предизвиците на малите формални и неформални бизниси во општина Чаир

26
Предизвиците на малите формални и неформални бизниси во општина Чаир од родова перспектива, беше темата на која денеска дебатиравме во нашите општински простори.
“Во Чаир долго време не се поставува прашањето зошто жените се на клучни позиции во бизнисите, образовните институции, општинските сектори кога се мажите, бидејќи жените во нашата општина одамна добија еднаков глас со мажите, тие се успешни во своите професии, одлични менаџери, а во исто време ги водат и се грижат за своите семејства, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.
Од друга страна, тој укажа дека во општина Чаир има многу бизниси и тоа се претежно мали и семејни бизниси предводени од жени, но за да помогнеме да се формираат уште повеќе бизниси овде, мора да имаме што е можно поголема децентрализација, затоа што само со поголеми надлежности и одговорности за општините можеме да го унапредиме секое прашање кое е исклучително важно за општеството.
Општина Чаир секогаш ќе остане отворена и подготвена да помогне и да ја зајакне положбата на жената не само на нашата територија.

Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.

Објави од иста категорија

Оваа веб-страница користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Прочитајте повеќе