Општина Чаир го заврши реконструирањето на улица бр. 9 на булеварот „Мид’хат Фрашери“, при што е поставен и завршниот слој на асфалт. Овој инфраструктурен зафат е дел од шестте проекти што истовремено се реализираат во овој дел на општината, со цел подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот за жителите.
Паралелно со ова, работите продолжуваат и на улица бр. 3, одржувајќи го континуираниот ритам на урбана трансформација и создавање подобри услови за движење на граѓаните.
Со нови улици, поуредена инфраструктура и пофункционални населби, Општина Чаир секојдневно го докажува новиот стандард на работа: одржливи инвестиции и конкретни резултати за заедницата.
