Во населбата Серава е финализиран проектот за асфалтирање на улицата „ЛПК“, кој опфати уредување на шахтите и интервенција на делови од атмосферската мрежа каде што тоа беше неопходно. Улицата е целосно уредена, безбедна и подготвена за употреба од граѓаните.
За време на увидот на терен, жителите изразија задоволство од динамиката и квалитетот на изведените работи, оценувајќи го овој зафат како значаен чекор кон подобрување на условите во нивната населба.
Овој проект претставува дел од континуираните активности на Општина Чаир за модернизација на локалната инфраструктура и создавање подобри услови за секојдневниот живот на граѓаните.
Чаир оди напред — со инвестиции што носат вистински промени, населба по населба.





