Во рамките на јавниот оглас “Проекти за локална и регионална конкурентност” Општина Чаир обезбеди грант од 820.000.00 еуро од Европската Унија и администриран од Светската Банка
Општина Чаир има аплицирано во првиот повик со проектот „ Промоција на туризмот во Стара Скопска Чаршија„ во рамките на “проектот за локална регионална конкуренција“ финансирано од грант на Европската Унија и администриран од Светската Банка, за реализација на инвестиции во туристичката инфраструктура со цел подобрување на туристичките капацитети.
Проектот „ Промоција на туризмот во Стара Скопска Чаршија„ ги опфаќа следните главни активности:
1.Реконструкција на калдрмата во главната улица на Старата Чаршија. Со проект се предвидува да се реконструираат 1800 м2 калдрма;
2.Реставрација на 75 дуќани во Чаршија во кои во минатото беа извршени неадекватни интервенции од страна на сопствениците и други субјекти и имаат деградирано културното наследство;
3.Поставување на натписи по објектите;
4.Поставување на тенди по објекти;
5.Виртуализација на Старата Скопска Чаршија – Апликација за идентификација и опис на спомениците во Чаршија. Исто така оваа апликација предвидуваа и инсталација на апликација за мапирање на историските и културните споменици во Чаршија.
6.Целосна сигнализација на Старата Чаршија;
7.Организација на меѓународните конференции на граѓаните со Старата Чаршија и размена на искуствата во рамките на ревалитализација на ориенталните Чаршии.
Вкупната вредност на проектот е 50,445,052.50 ден.
Рокот за имплементација на проектот според правилата на Светската Банка е 18 месеци.