По повод светскиот ден на книгата, Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу заедно со г-дин Фатмир Емини претставник на донаторот компанијата “Ефтинија Импекс”, директорот на училиштето г-дин Рахим Максути и директорката на Клиниката за хируршки болести г-ѓа Нермин Бајрами Шаќири официјално ја пуштија во употреба новата библиотека на О.О.У “Јашар Беј Шкупи”.
Овој убав и современ простор за читање е резултат на работите кои се реализираат за целосно реновирање на ова основно училиште кои истотака се во нивната финална фаза.
Истотака, Општина Чаир ја продолжува и традицијата на распределба на книги низ сите основни училишта на нејзина територија по повод светскиот ден на книгата.