Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу денеска беше пречекан од градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај.
На овој многу топол прием заедно со градоначалникот Ганиу беа и 5-те средношколци од Чаир Кренар Ахмети, Дијар Селами, Анди Ганиу, Ендрит Шаќири, Јасир Идризи, кои ја креираа најдобрата апликација за вселенскиот центар НАСА, како и дел од општинскиот персонал.
Оваа средба претставува многу важна страница на соработка помеѓу главниот град на Албанија и општината Чаир.
Двајцата градоначалници Ганиу и Велиај главно се фокусираа на развој на низа заеднички активности и проекти кои ќе ги задржат граѓаните на двете земји уште поблиску еден до друг, но и директно ќе влијаат на што е можно подобро развивање на нивниот живот.
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, му се заблагодари на својот албански колега за ваквиот пречек, рече дека со здружување на силите меѓу Тирана и Чаир, напредокот на секое поле е повеќе од загарантиран.
„Ми беше огромно задоволство што наидов на топло добредојде од мојот пријател Велиај, ветивме дека ќе работиме заедно и ќе соработуваме почнувајќи од областа на културата, локалниот економски развој, размената на искуства на нашите кадри. Ќе се поврзуваме и соработуваме поинтензивно од кога било досега“, рече Ганиу.
Велиај, пак, потсетувајќи дека оваа година Тирана е европска младинска престолнина, денешната средба е уште покомплетна со присуството на 5 млади лица кои направија толку важно откритие за сите.
„Ова е многу големо, несекојдневно достигнување кое треба да послужи како пример за младите и предизвик дека сè повеќе треба да инвестираме во младите. А од друга страна, општина Чаир, која всушност е Старо Скопје, ќе можеме да ја земеме како пример за многу процеси, конкретно во областа на културниот развој и зачувувањето на националното наследство“, рече Велиај.
Двајцата колеги ветија дека ќе ја зголемат зачестеноста на ваквите средби, а со тоа и ќе ја продлабочат меѓусебната соработка.