Шабан Сејдиу, една од легендите на светскиот олимпизам и еден од најголемите личности во спортот во борење на светско ниво, учесник на четири Олимписки игри, денеска беше во посета на општина Чаир. Градоначалникот на Чаир Висар Ганиу по средбата изјави дека се чувствува многу почестен што е првиот човек на кого овој шампион му ја подари својата монографија „Сјајот на ѕвездата“ која ќе ја промовира на 23.12.2022 година. Заедно со Сејдиу на средбата беше и еден од уредниците на оваа монографија издадена од Македонскиот олимписки комитет, Зоран Михајлов.
“Спортскиот успех на Шабан Сејдиу, кој започна во ОУ „Лирија“ и продолжи по еден многу посебен пат со медали и трофеи на национално и светско ниво, секогаш прави да се чувствуваме горди и пример за сите. Му честитам на шампионот за оваа монографија со која несомнено остава трајна трага во нашата успешна спортска иднина”, рече Ганиу