Средбите со нашите сонародници од Улцињ се од огромно значење за зачувување на нашите заеднички културни вредности и за зголемување на нашата заедничка развојна перспектива.
Со посебно задоволство ги пречекав г-дин Гзим Хајдинага, поранешен министер за национални малцинства во Владата на Црна Гора, поранешниот градоначалник на Општина Улцињ и актуелно Директор на Организацијата за Туризам на Улцињ, придружен од г-дин Скендер Реџа активисти и ветеран на спортот, претседател во неколку мандати на Ф.К. Отрант и член на Фудбалската Федерација на Црна Гора.
Разговаравме околу нови можности на соработка меѓу нас за негување на нашите заедничките вредности и разменивме позитивни искуства во насока на промоција на туристичките вредности кои ги поседуваме.