Ромската заедница во Чаир, денеска го прославува 8-ми Април – Меѓународниот ден на Ромите, датум што ја одбележува првата меѓународна средба на ромските претставници во 1971 година.
На овој настан присутен беше и Градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Висар Ганиу, кој освен што упати искрени честитки до ромската заедница, во својот говор го истакна огромното значење на живеењето во едно мултикултурно и мултиконфесионално општество како што е Општина Чаир. Меѓу другото, исто така истакна дека одбележувањето на овој ден, подразбира и одбележување на ромската историја, традиција и култура, како повик за просперитет, интеграција, еднаквост и сеопфатност, во чиј аспект Општина Чаир секогаш била ангажирана.
Добијте ажурирања во реално време директно на уредот, сега се претплатите.
Објави од иста категорија