Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу ја посети новоотворената библиотека во Старата Скопска Чаршија. По повод оваа посета на неговата официјална страна на социјалната мрежа Facebook истакна: “Не можев без да ја посетам најново отворената библиотека Нобел од страна на основачот Латиф Мустафа, амбиент кој несомнено ја зголемува убавината на нашето скапоцено место на културата, Старата Скопска Чаршија. Ве поканувам да го посетите и вие ова прекрасно место кое ќе ве инспирира одалечувајќи ве од секојдневната монотонија и ќе направи да ја сфатите важноста на книгите. Нека биде засекогаш извор на најдобрите вредности низ генерациите.“