Започна целосната реконструкција на улицата „Ферид Мурати“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Чаир. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го најавија почетокот на градежните работи на терен.
Проектот опфаќа нов асфалт, две уредени сообраќајни ленти во двата правци, стандардизирани тротоари, велосипедски патеки од двете страни, организиран паркинг за околу 200 возила, како и нов систем за јавно осветлување. Инвестицијата се реализира во соработка со Светска банка и Министерството за транспорт.
Улицата „Ферид Мурати“ има особено значење за оваа зона, бидејќи поврзува важни населби и значително ќе го подобри сообраќајот и безбедноста. Модернизацијата на инфраструктурата останува приоритет за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.




